Учениците од Дрвното училиште во Прилеп засадија 59 дрвца за жртвите од Кочани


Денеска, во прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“, во склоп на кое е шумарско-дрвопреработувачката струка, во училишниот двор засадија 59 дрвца, во чест на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани. 
 
„Во тивките моменти на размислување, се наоѓаме себеси како жалиме за младите животи кои прерано згаснаа во траорната трагедија во Кочани која нема да се заборави никогаш.
Во нивна чест, учениците од шумарско – дрвопреработувачката струка со помош на останатите ученици, засадија 59 стебла на јасен, јавор и фоја во нашиот училиштен двор“, стои во објавата на ова училиште во Прилеп.