Убиени се режисерот на „Неколку добри луѓе“, Роб Рајнер, и неговата сопруга
Полицијата на Лос Анџелес го истражува слуачјот, на она што се опишува како „очигледно убиство“ откако двете тела на режисерот и актер Роб Рајнер и неговата сопруга во нивниот дом.
Пожарникарите беа повикани во дом во населбата Брентвуд во Лос Анџелес во недела попладне по локално време, каде што ги пронајдоа 78-годишниот Роб Рајнер и неговата 68-годишна сопруга Мишел. Двајцата беа прогласени за мртви на местото на настанот. Извор близок до Рајнер изјави за Би-Би-сС дека двојката имала повеќекратни убодни рани.
Роб и Мишел беа убиени од нивниот син Ник, изјавија повеќе извори за списанието „Пипл“. Полициски службеник потврди за Асошиејтед прес дека полицијата испрашува член на семејството.
Куќата се наоѓа во елитна населба
Рајнер е еден од најпознатите режисери во Холивуд, а неговите филмови вклучуваат класици како „Кралската невеста“, „Кога Хари ја запозна Сали“, „Мизери“, „Неколку добри луѓе“ и „Спинал тап“.
Портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес изјави за Би-Би-Си дека добиле повик за медицинска итна состојба во дом на авенијата Чедбурн околу 15,38 часот по локално време. Брентвуд е луксузна населба во Лос Анџелес во која живеат многу познати личности.
Детективите од единицата за убиства на Полициската управа на Лос Анџелес, исто така, реагирале на местото на настанот и отвориле истрага за она што го нарекле „очигледно убиство“. Властите не објавија дополнителни детали за околностите на смртта.
Тие се венчаа во 1989 година
Рајнер се искачи на телевизиска слава во 1970-тите како Митхед во револуционерната ситком серија „Сите во семејството“. Тој беше во брак со актерката Пени Маршал од 1971 до 1981 година и ја посвои нејзината ќерка, Трејси Рајнер, исто така актерка.
Во 1989 година, тој се ожени со Мишел Рајнер, актерка и фотографка. Двојката имаше три деца – Џејк, Ник и Роми.
Покрај неговата холивудска кариера, Роб Рајнер беше познат по својот политички активизам. Тој се појави во реклами насочени кон Џорџ В. Буш на претседателските избори во 2004 година и го поддржа тогашниот демократски кандидат Џон Кери. Тој исто така ги поддржа демократските претседателски кандидати Ал Гор и Хилари Клинтон.
Како фотограф, Мишел ја направи фотографијата од Доналд Трамп што е на корицата на неговата книга „Трамп: Уметноста на договорот“.
Градоначалничката на Лос Анџелес: Разорна загуба за градот и земјата
Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, ја нарече смртта на Рајнер „разорна загуба за градот и земјата“. „Придонесите на Роб Рајнер одекнуваат низ американската култура и општество. Тој подобри безброј животи преку својата креативна работа и застапување за социјална и економска правда“, рече Бас.
Таа рече дека е „срцето ѝ е скршено“ поради смртта на Рајнер и неговата сопруга Мишел. „Го познавав Роб и имам огромно почитување кон него. Сакам да им се заблагодарам на сите служби за итни случаи кои реагираа на овој инцидент. Истрагата е во тек. Моите мисли се со сите што ги сакаа Роб и Мишел“, рече таа.