Убиен лидерот на Боко харам
Нигериската џихадистичка група Боко харам потврди дека нејзиниот лидер Абубакар Шекау е мртов.
Командантот на Боко харам, Бакура Моду, за кого се очекува да биде нов лидер, рече дека Шекау загинал во борбите со групата Исламска држава во Западна Африка, пренесе Франс прес.
Моду ги повика командантите на Боко харам да останат лојални на групата покрај губитокот на лидерот.
Смртта на Шекау се смета за голем пресврт во нигериските судири, иако Исламска држава на Западна Африка неодамна стана доминантна сила меѓу бумтовниците на североистокот на земјата.
Месиумите пред десет дена јавија дека Шекау извршил самоубиство во текот на борбите против припадниците на ИС.