Убиен и заменик-командантот на Црноморската флота на Русија
Украина денеска соопшти тврди дека нејзините сили го убиле заменик-командантот на руската Црноморска флота. Капетанот од прв ранг Андреј Палиј (51) е единствениот висок поморски офицер наводно убиен во војната во Украина, а Киев тврди дека украинските сили убиле и пет армиски генерали.
Палиј е роден во Киев, а во 1993 година одби да ја положи украинската воена заклетва, па наместо се решил да служи во руската северна флота. Тој претходно служел на рускиот нуклеарен ракетен крстосувач „Петар Велики“.
Тој, исто така, служеше како заменик-шеф на руската поморска академија во Севастопол, во анектираниот Крим.
Украинскиот функционер Антон Герашченко соопшти за смртта на Палиј рано денеска без да даде дополнителни детали.
Се чини дека смртта на Палиј ја потврдил руски пријател, Константин Царенко, секретар на јавниот совет на поморската школа во Севастопол „Нахимов“, иако тоа не е официјално признаено од Москва.
Подоцна и Русија официјално ја потврди смртта на Палиј. Се додава дека тој наскоро требало да биде унапреден во контра-адмирал. Тој бил и заменик-командант на руските сили во Сирија.
Еден извор вели дека тој бил вклучен во нападите на руските маринци во близина на Мариупол и таму бил убиен.
Сепак, не се познати точните околности на неговата пријавена смрт.
Русија денеска повторно употреби хиперсонични ракети „Кинжал“ на „воени цели“ во Украина, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
„Нападот со ‘Кинжал’ врз базата за гориво и мазива од која се снабдуваше гориво за украинските оклопни возила беше лансиран од воздушниот простор над Крим“, се вели во соопштението.