Убиецот од Цетиње си пукал во глава кога го опколила полицијата
Според обвинителката Андријана Настиќ, која ја спроведува истрагата за овој случај, во Цетиње се убиени 12 лица, а осомничениот се самоубил.
Истрагата е спроведена на шест локации, од кои на пет се случиле убиствата, а една на местото каде осомничениот се застрелал.
Ацо Мартиновиќ, сторителот на повеќекраткото убиство кое вчера попладне се случи во ресторан во Цетиње си пукаше во главата откако беше опколен од полицијата. Почина на пат кон црногорскиот Клинички центар. Ова вчеравечер, како што пренесуваат црноготските медиуми, го соопшти директорот на полициската управа Лазар Шќепановиќ, посочувајќи дека претходно сторителот бил лоциран во населбата Хумци во Цетиње, а местото каде бил сокриен било опколено од полициските сили.
„Полицијата направи прстен околу него. На наредба да го спушти оружјето, си пукаше во главата. При обидот да го пренесеме во болница, им подлегна на повредите“, рече тој.
Се заблагодари на поширокото семејство на Мартиновиќ, за кое додаде, дека и помогнало на полицијата да ја открие локацијата каде сее наоѓа сторителот.
„Според нив, сторителот имал одредени прекини во комуникацијата со роднините и пријателите, како и дека сите загинати биле негови кумови, пријатели, другари со кои поминувал време. Мотивот за овој чин се уште не е познат“, кажа Шќепановиќ.
Според него, граѓаните треба да се ослободат од предрасудите и стереотипите и кога ќе видат дека некое лице има асоцијално или девијантно однесување, навремено да укажат на таквите околности.
Црногорскиот министер за внатрешни работи, Данило Шарановиќ соопшти дека Мартиновиќ бил изолиран со експресна полициска акција.
„Кога виде дека се наоѓа во безизлена ситуација, се обиде да се самоубие. Не им подлегна на повредите на самото место, туку при транспортот во болница“, рече министерот.
Според обвинителката Андријана Настиќ, која ја спроведува истрагата за овој случај, во Цетиње се убиени 12 лица, а осомничениот се самоубил. Истрагата е спроведена на шест локации, од кои на пет се случиле убиствата, а една на местото каде осомничениот се застрелал.
На две локации осомничениот убил по четири лица, на третата две деца, а на последните две по едно лице.
Тешко повредени се четири лица, кои се хоспитализирани на црногорскиот Клинички центар.
За потсетување, Ацо Мартиновиќ злосторството го започнал во ресторанот „Велестово“ во близина на Спортскиот центар во Цетиње, а потоа продолжило и надвор од него.
Се случил инцидент меѓу Мартиновиќ и гостин на рестиранот. Тој отишол дома, земал пиштол и се вратил во ресторанот. Таму убил четири лица.
Потоа убил неколку членови на неговото семејство, како и две деца на возраст од 10 до 13 години.
Поради трагичниот настан, црногорските власти прогласија тридневна жалост во државата. Откажани се новогодишните концерти во Подгорица, Будва и Котор. Премиерот повика да се откажат и сите настани на отворено.