Убаво е да си жена на Модниот викенд: Пролетно будење на сетилата


Пролетта пристигна на Модниот викенд во Скопје. И на писта и во публика. На радост на посилниот пол, за завист кај понежниот пол.

Женските атрибути беа откриени максимално, формата на женското тело и пропорциите беа истакнати до милиметар. Жената како вечна инспирација на ревиите беше ту женствена, ту разиграна, ту авангардна.

Креациите на етаблираните дизајнери и дебитанти беа шик, разголените гради на манекенките не предизвикаа шок, гостите се туркаа како на премиера, се сликаа селфи додека траеја ревиите, зад сцена и за време на паузите. (Л.С.)

Фото: Б. Грданоски