Убавина на 64 години- Шерон Стоун позираше за Вог Арабија
Холивудската ѕвезда Шерон Стоун (64) позираше за Vogue Арабија, во раскошни креации од врвни брендови, меѓу кои и Зухаир Мурад, Долче и Габана, Ели Сааб и Валентино.

Но, покрај блескавите тоалети, во ова издание на Vogue, Шерон во искрено интервју проговори на вечно сензитивните теми: стареењето, сексизмот и правата на жените.
Во интервјуто таа отворено зборува за проблемот со кој се соочуваат жените по 45-тата година, наведувајќи дека тие „стануваат невидливи” во свет во кој владее фобија од стареење и сексизам.

Во интервјуто, таа открива дека во одреден период во екот на славата, таа сепак била принудена да користи филери и ботокс.
„Имаше периоди во екот на славата кога користев ботокс и филери. Потоа имав масивен мозочен удар и деветдневно мозочно крварење. Како последица на тоа, морав да ставам повеќе од 300 инјекции со ботокс и филери за да си ја вратам едната страна од лицето во нормала. Ова искуство засекогаш го промени начинот на кој гледам на естетските и козметички зафати. Се претвори од сладок луксуз, во некаква масивна, болна невролошка потреба.

Актерката, која приватно е и мајка на три посвоени момчиња, неодамна посвои и четврто дете откако неговиот родител починал од Ковид.
„Се работи за дете на мој пријател и тој дојде да живее со нас кога почина татко му. Мислам дека ќе имав повеќе деца ако имав партнер”, изјави актерката која неодамна откри дека има изгубено девет деца поради спонтани абортуси.
View this post on Instagram
