Уапсен возачот на автобусот кој удри во камион во близина на Белград
Српската полиција го уапси М.К. (1961), осомничен дека изутрината на Новиот обреновачки пат во населбата Умка во насока кон Белград, додека управувал автобус на градски превоз удрил во камион, при што едно лице од автобусот загинало, а 18 се повредени.
Одредена му е мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.
Тој се товари за тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз и е уапсен по наредба на Второто основно обвинителство.