Уапсен скопјанец кој се заканувал на вонбрачната партнерка, ѝ го искршил и мобилниот


Скопјанец во текот на вчерашниот ден се заканувал на својата вонбрачна партнерка и и го искршил мобилниот телефон. Полицијата го уапсила.

„На 19.09.2025 во 22:20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.Б.(36) од Скопје по претходна пријава дека околу 11:30 часот во домот и се заканувал на неговата вонбрачна партнерка и го скршил нејзиниот мобилен телефон“, се наведува во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.