Уапсен малолетник осомничен за убиството на Ѓорѓе Мијатовиќ
Идентификувани двајца малолетници кои се осомничени дека го претепале Ѓорѓе Мијатовиќ, братот на министерот на ФБиХ Војин Мијатовиќ во паркот на Вождовац, а еден од осомничените (16) е уапсен.
Малолетниот осомничен се товари за тешко убиство и ќе биде спроведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград, јавуваат белградските медиуми.
Како што е потврдено, малолетници се осомничени дека со неколку удари во главата го удриле Мијатовиќ, кој почина неколку часа подоцна.
Обдукцијата покажала дека Мијатовиќ има шест повреди на главата од удари и дека черепот му бил скршен. После тоа имал епилептичен и срцев удар.
По второпријавениот интензивно се трага, известуваат од полицијата.