Уапсен гостиварец кој ги натепал мајка си и сестра си


Вчера, околу 2.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот Ш. К. од гостиварско село.

Тој бил пријавен од своите сестра и мајка дека физички ги нападнал во семејниот дом.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, информира МВР.