Турските ѕвезди со апел за помош за жртвите од катастрофалниот земјотрес
Турција– Актерите Бергузар Корел, Халит Ергенч, Туба Бујукустун, Бурак Озџивит, Демет Оздемир и многу други кои на нашата публика и се добро познати по бројните улоги во најпопуларните турски серии се шокирани од размерите на катастрофалниот земјотрес што ја погоди нивната земја.
Тие на своите профили на социјалните мрежи жалат за загинатите сонародници, им нудат поддршка на настраданите и апелираат до сите да се приклучат во помошта на најтешко погодените подрачја, кои по првиот разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, централниот дел на Турција долж границата со Сирија беше погодена од многу други земјотреси.

„Турција прогласи состојба на национална катастрофа на највисоко ниво, на четврто ниво. Ова ниво вклучува повик за меѓународна помош. Затоа, за сите оние ширум светот кои ја читаат оваа порака, ве молам да се вклучите во помошта нашата земја.Нашите сонародници кои се најдоа под урнатините на земјотресот што ги бараат и им треба вашата помош за да се спасат“, напиша во својата порака актерката Бергузар Корел, која остана запаметена по главната улога во серијата „1001 ноќ“ , а која во последните години со својот сопруг Халит Ергенч, ѕвездата од сериите „Сулејман Величествениот“ и „Изборот на таткото“ живее во Лондон.
Актерката Седа Бакан, им се обрати на своите следбеници, велејќи:
Се разбудивме со многу лоши вести. На сите им посакувам брзо закрепнување.

Актерот Бурак Озчивит, напиша:
Ѝ посакувам брзо закрепнување на мојата Турција. Го молиме Бога за милост за нашето население кое ги загуби животите во оваа катастрофа. Моето сочувство до нивните семејства и најблиските, а на повредените им посакувам брзо закрепнување.

Се огласи и Туба Бујукустун, велејки:
Турција прогласи состојба на тревога од четврти степен. „Четврти степен“ вклучува и повик за меѓународна помош. За оние ширум светот кои ја читаат оваа порака… Нашиот народ, кој се најде под урнатините на земјотресот во мојата земја, бараат ваша помош за да се спасат“, напиша Туба.

Се разбудив со страшен потрес. На сите им посакувам брзо закрепнување. Каква катастрофа на овој студ“, вели Демет Оздемир.

На следбениците им се обрати и актерката Елчин Сангу.
Длабоко сме погодени поради земјотресот што се случи во нашата земја. Се молиме за оние кои ги загубија животите и им посакуваме брзо закрепнување на повредените“ напиша актерката.
