Турскиот херој може да остане без четвртфинале: УЕФА отвори истрага за славењето на Демирал
Мерих Демирал прерасна во апсолутен турски херој со двата гола кои ги постигна против Австрија, погодоци кои ја однесоа неговата селекција во четвртфиналето на Европското првенство.
Гестот на Демирал во Турција се поврзува со „сивите волци“ кои се ултранационалистичка десничарка група која промовира историска надмоќ на Турците, па овој потег во Германија се доживува и како огромна провокација.
Угледните германски новинари побараа истрага од УЕФА и побараа да го казнат Демирал за политичката порака која ја испрати, а реално гледано, стоперот навистина може да се соочи со последици.
Европската куќа на фудбалот и официјално потврди дека е отворен случај против турскиот дефанзивец, а како Федерарција која посебно внимава на политичките пораки, јасно е дека настапот на Демирал во четвртфиналето е и повеќе од неизвесно.
Поради политичка и расистичка навреда кон Македонците, Албанецот Даку заработи суспензија од два меча од УЕФА, па сега останува да видиме како ќе мине Демирал.