Турски авион принудно слета по тепачка меѓу патници


Поради расправија меѓу четворица патници, турски авион на релација Анталија-Астана принудно слета во Ерзурум. И покрај напорите на стјуардесите на авиокомпанијата Пегасус да ги смират патниците кои започнале расправија, конфликтот прераснал во тепачка.

Двојка од Украина и две патнички од Казахстан се скарале само неколку минути по полетувањето на авионот, а причината за расправијата не е позната. Бидејќи стјуардесите не можеле да ги задржат патниците, пилотот принудно слетал во Ерзурум. По инцидентот, безбедносните сили, за да ја осигураат безбедноста на останатите патници во авионот, ја однеле раскараната четворка во полициска станица да дадат изјави.