Tурција предводи на листата држави што прифатиле бегалци на своја територија
Турција одново е државата која дала засолниште за најголем број бегалци во светот, објави весникот Сабах.
Според Министерството за внатрешни работи на Турција, бројот на бегалците на нејзина територија е 4,9 милиони. По Турција во списокот на држави со најмногу прифатени бегалци се Пакистан. Уганда, Судан и Германија.
Агенцијата за бегалци на ОН нагласува дека петта година по ред Турција ја предводи таа листа на држави кои прифаќаат најмногу бегалци.
Анкара тврди дека досега потрошила 40 милијарди долари за да се справи со кризата. Од странство има добиено само шест милијарди долари под формата на помош.