Турција подигна борбени авиони: Погодени се 25 цели


 Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека извршило воздушни напади во регионите Гара, Кандил и Асос во северен Ирак, при што биле уништени 25 цели на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК).

„Со цел да се неутрализираат ПКК/КЦК и другите терористички елементи, да се спречат терористичките напади врз нашиот народ и безбедносните сили на северот на Ирак и да се обезбеди нашата гранична безбедност, на 26 јули 2024 година беше извршена воздушна операција“, според на соопштението, пренесе Анадолија.

Целите, вклучително и пештери, засолништа, бункери, складишта и објекти за кои се верува дека се сместени високорангирани терористи, се уништени, соопшти Министерството.

Во речиси 40-годишната терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации од Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и бебиња, кажа.