Тур де Франс: Тадеј Погачар едноставно е непобедлив


Тадеј Погачар одеше соло последните 15 километри од 10-та етапа на Тур де Франс

 

Тадеј Погачар го зголеми своето водство на Тур де Франс со уште една импозантна соло победа на 10. етапа до Ле Лиоран, во Масив Централ. Словенецот сега води на Тур со повеќе од три и пол минути предност од долгогодишниот ривал Јонас Вингегард, кој се заостана и изгуби повеќе време од другите кандидати за подиумот.

На етапа со седум категоризирани искачувања, вклучувајќи ги и Пуј Мери Па де Пејрол и Кол де Пертус од прва категорија во последниот час од трката, Погачар повторно се наметна над пелотонот со карактеристичен напад на претпоследното искачување.

Сепак, неговата последна победа беше дочекана со некои исвиркувања од публиката покрај патот, нешто што не е видено уште од доминантните денови на „Тим Скај“ и Крис Фрум, пред речиси една деценија.

„Имам мразители и мразители ќе мразат“, рече Погачар потоа. „На сите што негодуваат таму, тие само им даваат поголем поттик на моите колеги од тимот. Тие ставаат дрва на огнот“.

Погачар ги разјасни своите коментари наведувајќи дека „љубителите на велосипедизмот се најголеми од сите спортови“ и дека „99% од луѓето навиваат“, но тој посочи на тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ како инспирација за надминување на неговите сомнежи.

„Секогаш размислувам за Новак Ѓоковиќ и одличниот менталитет што го има затоа што имаше една од најтешките кариери [со] добивање исвиркувања и непотребна омраза затоа што е најголем“, рече Погачар. „Секогаш гледам на него кога некој исвиркува и мислам на Ѓоковиќ“.

И покрај триумфот на Погачар, неговиот колега од тимот на „ОАЕ, Емирати-XRG“, Исак Дел Торо, изгуби време во борбата за подиумот, а олимпискиот шампион Ремко Евенепол го замени на третото место.

Додека Погачар не покажува знаци на попуштање, Вингегард се мачеше, иако не беше премногу очаен што заврши 12 секунди зад Евенепол. „Секогаш се мачам на кратки искачувања како ова“, рече Данецот.

Сепак, во последниве денови, Вингегард призна дека размислувал да се повлече од спортот пред една година. Исцрпеноста во пелотонот беше тема на дебата кон крајот на минатогодишната трка, а слабиот настап на Вингегард на етапата до Ле Лиоран дојде по неговото признание за данската телевизија, на првиот ден за одмор на Тур, дека речиси се откажал од трките во 2025 година.

„Минатата година реков дека ако е вака, повеќе не би можел да бидам во тоа“, рече Вингегард, кој преживеа несреќа опасна по живот во април 2024 година. „Како велосипедист, се чувствувате како постојано да сте на диета. Секогаш мора да размислувате за вашата тежина и секогаш сте на тренинг. Многу се бара од вас. Тоа влијае на вашето тело и вашиот ум“.

На почетокот на Турот во 2025 година, сопругата на двократниот шампион, Трине Хансен, рече: „Навистина е тежок живот бидејќи има толку многу патувања напред-назад. Започнува во февруари, а потоа се патува напред-назад секоја или секоја втора недела. Продолжува додека не заврши сезоната“.

Во тоа време, неговиот тим „Висма Лиз а бајк“ ги денфуваше неговите коментари. И покрај неговата несреќа, Вингегор заврши втор зад Погачар во Париз, достигнување што можеби нема да го повтори оваа година.

„Затоа променивме некои работи. Исто така, мислам дека тимот сфати дека е така, а можеа да видат и од мене дека не бев среќен минатата година. Тие прифатија дека мора да промениме нешто, и го направивме. Ако е тешко да се биде отсутен толку долго време, тогаш мора да се направи нешто друго, и тоа е она што го направивме за мене оваа година“, рече тој.

Иако Вингегард, кој ги освои и Париз-Ница и Џиро д’Италија претходно оваа година, рече дека е „многу повеќе“ мотивиран оваа сезона, сега се соочува со двојниот предизвик и на Погачар и на гонителот Евенепол.

Дали таа мотивација ќе биде сè уште доволна за да продолжи да се бори со мародерскиот Погачар и неговиот тим во втората и одлучувачка половина од Турот, останува да се види.

Единаесеттата етапа во среда, од Виши до Невер, им нуди на главните претенденти можност да направат преглед, додека спринтерите се обидуваат да ги искористат максимално оние што стануваат сè поретки можности за победа. (Гардијан)