Тудор и Тотенхем се договорија за прекин на соработката


Лондон – Хрватскиот тренер Игор Тудор и премиерлигашот Тотенхем се договорија за прекин на соработката. Воедно се заминувањето на Тудор заминуваат и неговите помошници Томислав Рогиќ и Рикардо Рагначи. Оваа тројка изминативе шест недели беше на клупата на Тотенхем.

Во кусото соопштение од клубот од Лондон пишува:

„Се заблагодаруваме на Игор, Томислав и Рикардо за нивната работа изминативе шест недели“.

Тотенхем останува на 17. место на табелата со 30 бодови и само еден повеќе од Вест Хем, кој е во зоната за испаѓање. Тудор дебито на клупата на Тотенхем го имаше со пораз од Арсенал (1:4), а потоа загуби од Фулам (1:2), Кристал Палас (1:3) и во Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид (2:5). Во следните два дуела Тотенхем остана непоразен Ливерпул (1:1) и реваншот со Атлетико (3:2), но следуваше нов пораз од Нотингем Форест (0:3).

Токму по овој пораз Тудор имаше и смртен случај во семејството кога почина неговиот татко.