Трудна Унгарка заболела од корона, ја породиле додека била во кома


Унгарката Силвија Бедо-Наѓи дознала дека ја родила својата ќерка Напсугар кода се разбудила од индуцирана кома откако заболела од корона вирус и добила тешко воспаление на белите дробови.

Кога, кон крајот на минатата година ѝ бил дијагностициран Ковид-19, била во висок стадиум од бременоста и пратена е дома во карантин. Но, состојбата ѝ се влошувала и вратена е во болница.

„Не можев да дишам“, вели Бедо-Наѓи, за Радио слободна Европа од својот дом во руралното гратче Хатван. „Испадна дека било воспаление на белите дробови“.

Префрлена е во Будимпешта и породена со царски рез.Неа ја ставиле на респиратор, а потоа на вештачки бели дробови и потоа во индуцирана кома.

Додека била во болница, нејзиниот сопруг Јозеф Бедо се грижел за нивната ќерка, сфаќајќи дека сопругата може да не му преживее.

Унгарија има најмногу починати од Ковид-19 во светот на 100.000 жители, според Универзитетот „Џон Хопкинс“ и во некои болници дури 80 отсто од пациентите на респиратор не преживеале.

Но, околу Божик, докторката му се јавила на сопругот и му рекла дека неговата сопруга се разбудила.

„Лекарката рече дека сопругата сака да ме види“, вели тој. „Идниот ден ја посетив. Беше будна и кога ја прашував, ми одговараше со очите“.

Таа се разбудила пред Божик, но не знаела што се случило.

„Немав поим што се случува. Покажував на својот стомак за да прашам кога сум родила. Тогаш лекарката рече дека детето е родено пред некое време“.

Докторката Бела Меркели рече дека Бедо-Наѓи била фасцинантен, необично комплициран случај.

Сега е дома со својот сопруг и ќерката и добро се опоравува.