Тројцата бугарски руски шпиони најверојатно се поврзани со „Преродба“


Тројцата осомничени членови на руска шпионска мрежа кои биле уапсени во Обединетото Кралство, се истражуваат во Бугарија поради загриженоста дека тие биле дел од про-Кремљ мрежа и можеби се обиделе да интервенираат во гласањето на бугарските мигранти, се вели во коментар на британскиот весник „Телегаф“.

Извори од Софија рекле дека постојат сомневања дека двајца од нив можеби имале врски со 
екстремно десничарската бугарска партија „Вазраждане“ (Преродба), позната по своите антизападни и проруски ставови и позиции, се наведува во изданието.

Обвинителите во Софија, кои работат заедно со бугарската антишпионска единица,
ги проучуваат активностите на Орлин Русев, Бисер Џамбазов и Катрин Иванова, кои беа
приведени во Лондон и Норфолк во февруари под сомнение за шпионажа за Русија.
Инспекторите од Бугарската изборна комисија започнаа истрага и во во врска со сугестиите дека триото можеби се обидело да влијае на бугарските избори
во Обединетото Кралство.

Во Бугарија, пак, постои загриженост дека нивната наводна активност не е ограничена само на
Обединетото Кралство, каде што живеат околу една деценија, пишува изданието. Извори од Софија сугерираат дека истрагата е фокусирана на наводите дека тројцата биле дел од меѓународната мрежа задолжена за следење фигури против Кремљ, вклучително и новинари, ширум Европа.

Тројката беше обвинета дека поседувала 19 лажни документи со „незаконски детали“,
вклучувајќи пасоши, лични карти и документи од Обединетото Кралство, Бугарија,
Италија, Шпанија, Франција, Хрватска, Словенија, Грција и Чешка.