МВР со детали за сообраќајката на автопатот Тетово-Скопје

Денес (31.07) во 15.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје кај клучка „Север“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Т.И.(59) од Тетово и Автобус ,,Ман” со скопски регистерски таблици управувано од Ш.Д.(62) од Тетово.
Во незгодата животот го изгубиле возачот и сопатничките И.И.(55) и З.М.(71) од Тетово, додека сопатникот Р.И. од Тетово се здобил со телесни повреди и ќе биде задржан на опсервација во Клиничка болница Тетово.
Увид на лице место е во тек кој го презема дежурниот Јавен Обвинител и Увидна екипа од СВР Тетово.