Трите ќерки на Лиза Мари Присли ќе го наследат Грејсленд
САД- Легендарниот Грејсленд во Мемфис, Тенеси, во кој живееше и почина Елвис Присли и втор најпосетуван дом во Америка, ќе остане во семејството Присли.
По смртта на Лиза Мари Присли во четвртокот на 54 години, од срцев удар, имотот Грејсленд ќе го наследат нејзините ќерки од два брака – Рајли, Харпер и Финли, потврди за PEOPLE претставник на Грејсленд.
Поранешниот дом на кралот на рокенролот по неговата смрт во 1977 година, на 42-годишна возраст, од срцев удар, го наследи неговата единствена ќерка Лиза Мари. Сега е отворен за различни турнеи и ноќевања.
Лиза Мари имаше две деца од бракот со Дени Киу: Рајли (33) и Бенџамин, кој се самоуби на 27-годишна возраст во јули 2020 година. Од бракот со Мајкл Локвуд кој траеше од 2006 до 2016 година. Нивниот развод беше финализиран во 2021 година.
Според официјалната веб-страница на Грејсленд, имотот бил оставен во наследство на Лиза Мари кога имала само девет години, а трустот официјално бил распуштен на нејзиниот 25-ти роденден во 1993 година, давајќи ѝ целосна сопственост на домот. Потоа го формираше фондот Елвис Присли за да управува со имотот заедно со нејзината мајка Присила Присли и Националната трговска банка.
Во петокот беше потврдено дека таа ќе биде погребана во градината за медитација на Грејсленд до нејзиниот син Бенџамин.
„Последното место за одмор на Лиза Мари ќе биде во Грејсленд, покрај нејзиниот сакан син Бен“, се вели во изјавата на претставникот на нејзината ќерка Рајли Кеу за PEOPLE.
Тоа е и последното почивалиште на Елвис, мајката на Елвис, Гледис Присли, таткото на Елвис, Вернон Присли и бабата на Елвис, Мини Меј Присли.