Цветан Трипуновски бара апанажа за учество во техничката влада


Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ бара апанажа за учество во техничката влада, соопшти поранешниот министер за земјоделство, Трајан Димковски, на својот Фејсбук профил.

„Човекот кој од прв ден ги лажеше земјоделците, се закануваше на вработените дека кога ќе дојдат на власт ќе ги брка од работа. А тој ти бил само љубител на народни пари, привилегии и функција“, пишува Димковски.