Три земјотреси од над четири степени во близина на грчкиот остров Крит
Три последователни земјотреси со јачина од 4,1 степен, 4,8 и 4,5 степени според Рихтер, беа регистрирани претпладнево во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.
Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првите два, од 4,1 и 4,8 степени беа во период од една минута, додека пак последниот беше 25 минути подоцна.
Засега, нема информации за повредени или причинета материјална штета.
Земјотрес со јачина од 3,7 степени кусо по 8 часот утрово беше регистриран и на Света Гора со епицентар во морскиот дел на 11 километри северозападно од Кариј