Три години без Масимо Савиќ, уникатен и никогаш непрежален


Три години регионалната поп-сцена ја чувствува празнината без еден и единственииот хрватски пејач, омилен во регионот Масимо Савиќ. Веста за неговото заминување на оној свет, ја објави неговото семејство.

„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, нè напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, тој засекогаш ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ние засекогаш ќе бидеме твоите девојки. Ени и Мирна“, објавија неговата сопруга и ќерка на неговата официјална веб-страница.

На почетокот на ноември 2022 година, Масимо одржа концерт со кој ја заврши кариерата во преполната Загрепска арена. Тој ги отпеа своите најубави песни пред илјадници луѓе. „Никогаш не сум имал толку многу сценска трема  на концерт, никогаш“, рече тој за време на концертот.

Само Масимо од ѕвездите знаеше да се јави и да ме праша што правам и дали сме сите дома добри, вели Бобан Милошески од „Авалон“

Тој им пееше на своите обожаватели три часа – и додека беше болен. Во тоа време, никој не знаеше дека Масимо се бори со рак на белите дробови. Медицинска нега го чекаше зад сцената. Една година подоцна, во чест на Масимо, неговиот концерт на неговиот живот во Загрепската арена беше прикажан во кината Синестар низ целиот регион.