Трговијата со оружје напредува и покрај кoрoната


„Гугл“ и „Мајкрософт“ наскоро на листата на 100 најголеми производители на оружје

Според новиот извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за мир (СИПРИ), трговијата со оружје беше бизнис во вредност од 531 милијарди долари минатата година. Google и Microsoft наскоро ќе се најдат на листата на 100 најголеми производители на оружје.

„Иако светската економија падна за 3,1 отсто според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), продажбата на оружје на 100-те најголеми производители се зголеми за вкупно 1,3 отсто“, изјави за ДВ Александра Маркштајнер од СИПРИ.
Таа истакнува дека американското Министерство за одбрана е насоченo кон индустријата за оружје. „Таа, на пример, обезбеди работниците кои работат за компании кои произведуваат оружје да бидат ослободени од правилото да останат дома. Дополнително, имаше договори дизајнирани така што компаниите може да префрлаат средства порано, за да имаат некакви резерви“, пренесува Банкар.ме.

Севкупно, европската индустрија за оружје има удел од 21 отсто од продажбата меѓу 100-те најдобри. 26 европски компании продале оружје во вредност од 109 милијарди долари во 2020 година. Четири чисто германски компании се застапени во тој износ со девет милијарди. Понатаму, има трансевропски концерни како „Ербас“, чиј бизнис вреди 12 милијарди евра – пет отсто повеќе од 2019 година, пишува ДВ.