Тревога во Израел: 6.000 заразени во понеделникот
Повеќе од 6.000 луѓе во Израел беа позитивни на корона вирус во понеделникот, дневна бројка што земјата не ја видела од почетокот на февруари. Покрај тоа, бројот на сериозни случаи се искачи на 400, додека владата продолжува да крои серија нови мерки.
Од 130.669 тестови извршени во понеделникот, 6,275 беа позитивни, за стапка на позитивност од 4,84% – највисоката стапка во Израел од почетокот на март.
Од вторникот наутро, 648 лица со ковид се хоспитализирани, од кои 394 се во сериозна состојба, вклучувајќи 64 на респиратори.
Владиниот шеф за корона вирусот Салман Зарка, во вторникот наутро рече дека новите бројки се алармантни.
„Ние сме во критична точка за сите нас“, рече тој за радиото Кан. „За нашето здравје, за нашите животи и за економијата“.
Зарка го повика населението да ја примат вакцина против ковид, а оние над 60 години да добијат трета засилувачка доза, велејќи дека тоа е најдобриот начин да се избегне евентуално заклучување во иднина.
„Сакам да вратам малку оптимизам за сите нас и да ја повикам јавноста да се вакцинира, да носи маски и да се придржува кон прописите за ‘зелен пасош’“, рече Зарка, додавајќи дека владата ќе размисли за ограничување собирите на отворено и во затворено како што се зголемуваат случаите.
На 1 август, Израел започна кампања за давање трети засилувачки дози на вакцината за сите Израелци над 60-годишна возраст, на кои им поминаа повеќе од пет месеци од втората доза. До вторникот наутро, 577.899 Израелци ја примиле третата доза.