Тревник како модна писта: Меланија Трамп се врати од одмор
САД– При секое враќање во Белата куќа, големиот тревник пред имотот за првата дама на САД служи како модна писта.
Меланија Трамп (49) со семејството, синот Барон (12) и сопругот, но и со мајка ѝ и татко ѝ се врати од двонеделен одмор од Њу Џерси. Доби пофалба за ненаметливиот аутфит-бела блуза искомбинирано со спортско миди здолниште на Фенди и високи потпетици Лабутан.
Вниманието сепак го привлече смелата боја на мајка и, поранешна шнајдерка-асиметричниот фустан во сина боја, ускладен тонски со костумот на сопругот.
Амалија (74) и Виктор Кнавс однеодамна се државјани на САД. Претходно зелената карта им ја обезбеди Меланија која дојде во САД во 1994 година заради манекенска кариера.