Трет концерт на Владо Јаневски „Златни години“ во Филхармонија
По распродадените два концерти на 16 ноември и на 25 ноември, „Авалон“ организира трета интимна средба со Владо Јаневски и неговите најголеми хитови во Филхармонија, на 26 ноември.
„Реално, македонската музика нема голем број на легенди, а уште помалку, ѕвезда која истовремено е и легенда и константно актуелна со нов материјал. Владо Јаневски тој статус го има заслужено поради навистина огромниот број на вечни хитови и евергрини, но и редуцираниот број на концерти со својот многуброен бенд. Богатиот музички каталог на Владо Јаневски никогаш не бил отсвирен во полн состав на бенд во интимно издание, па така, на наше задоволство, го убедивме дека е време за интимна средба со неговата публика оваа есен, на многу адекватен простор кога е во прашање неговата музика – Македонска Филхармонија, велат од „Авалон“.