Трендафилов во пресрет на ЕСС: Пратениците пред локалните избори да донесат брзи законски измени за раст на платите


Во пресрет на денешната седница на Економско-социјалниот совет, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов ги повика пратениците пред локалните избори по брза постапка да изгласаат вонредно зголемување на минималната плата.

– Денес е добра можност Владата да покаже дека се грижи за работниците, а пратениците пред распишување на локалните избори да донесат брзи законски измени и да утврдат минимална плата од 500 евра, ако не …, напиша Трендафилов на Фејсбук.

Сојузот на синдикати, како што изјави Трендафилов на последната прес-конференција, ќе го покрене прашањето за зголемување на минималната плата на 500 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. 

Според пресметките на ССМ, синдикалната минимална кошничка лани е зголемена за 6 500 денари, а оваа година делот за храна и пијалаци од завршувањето на последната мерка пораснал за 2 000 денари или за 150 евра се зголемени трошоците за живот за едно четиричлено домаќинство.