Трамп зборува за мир, а води војна против Украина?

Американската компанија „Maxar“ и го прекиналапристапот на Украина до нејзините сателитски снимки, јави денес Украинска Правда.Официјалното објаснување дадено од администрацијата на Maxar до корисниците било дека ограничувањето е направено „како одговор на административно барање“. Всушност, исклучувањето се должи на забраната на американската влада за споделување разузнавачки податоци со Украина.
Администрацијата на Трамп, преку Стејт департментот, на тој начин им забранила на американските компании да и даваат на Украина сателитски податоци и комерцијални услуги. Забраната се однесува и на владините и на приватните корисници, така што наскоро се очекува слична одлука да донесе и Старлинк. Првиот резултат од ваквите ограничувања е интензивирањето на ракетирањата и нападите со дроновите од страна на Русија врз Украина бидејќи Украина е незаштитена и не функционура веќе алармот што го добиваа грашаните кога престоеја вакви напади. Практично, наводно барајќи мир претседателот Доналд Трамп и помага на Русија да ја подобри својата позиција во Украинја, а со тоа и помага да убие што повеќе луѓе и да разурне што повеќе објекти – за да биде убеден претседателот Володомир Зеленски дека мора да прифати мир по секоја цена. Имено, украински извори забележаа дека оваа одлука за запирање на помошта во разузнувањето дошла кога Русија почнала да губи на фронтот.
„ Maxar Technologies“ е можеби главниот снабдувач на комерцијални сателитски снимки за украинските корисници, кои го прикажуваат движењето на руските војници и штетите на важни објекти, како на привремено окупираните територии, така и во самата Русија. Сателитските снимки на „Maxar“ исто така се користени од глобалните медиуми за илустрација и анализа на текот на непријателствата меѓу Украина и Русија.
Голем број угледни странски медиуми, повикувајќи се на извори, објавија дека САД престанале да разменуваат разузнавачки информации со Украина, вклучувајќи податоци за воени цели и предупредувања за лансирање руски ракети и беспилотни летала на украинска територија.
Експертите од Институтот за проучување на војната веруваат дека прекинот на размената на разузнавачки информации меѓу САД и Украина може значително да ја зајакне руската воздушна моќ, која е сериозно ограничена од украинските напади врз воени цели во задниот дел на Русија. Ова може да влијае на текот на борбените дејства со зголемување на зачестеноста и ефективноста на руските воздушни напади.
Украинскиот министер за одбрана Рустем Умиеров изјави дека Украина сè уште не добила детални информации за американските ограничувања за споделување разузнавачки информации, но дека властите веќе работат на алтернативи.
Инаку, само денес руските сили ја нападнаа Украина во масовен напад, распоредувајќи 194 дронови и 67 проектили. Најмалку 10 лица се повредени, меѓу кои и едно дете. некои од Украинсците на Твитер прокоментираа дека ова е „прв руски напад со помош на САД“. Друг Украинец напиша: „Засолништата за бомби беа полни утрово во Украина откако конзорциум од Русија, Северна Кореја, Иран и САД ја напаѓаат земјата“.