Трамп: Во тек се преговори за „поделба на територијата“


Во Овалната соба, за време на разговор со новинарите, американскиот претседател Доналд Трамп го спомна договорот за целосен прекин на огнот во војната во Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп им сугерираше на новинарите во Овалната соба дека САД се блиску до договор за прекин на огнот меѓу Русија и Украина.

Тој рече дека бара решение за да се запре убиствата на бојното поле, но и „да се заштедат американските пари што се трошат за воена помош за Украина“. Спомна и договор за поделба на територијата, но не прецизираше за која територија станува збор.

Преговорите на САД со Русија и Украина се најавени за 24 март во Саудиска Арабија.

„Наскоро ќе имаме целосен прекин на огнот, а потоа ќе имаме договор во однос на поделбата на територијата. За тоа се преговара додека ви зборувам овде“, рече американскиот претседател.

Трамп одби да одговори на новинарско прашање дали планира да воведе нови санкции кон Русија, кои неодамна ги објави на својата социјална мрежа Truth Social. Тој повторно избегна да каже дека Русија е агресор во оваа војна.

„Тие се борат меѓу себе“, рече Трамп, според Киев Индипендент.