Трамп вели дека Федералните резерви на САД треба да ги намалат каматните стапки под еден процент

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска ги обнови нападите врз претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, велејќи дека каматните стапки треба да бидат на или под еден процент.
-Треба да бидеме на еден процент. Треба да бидеме под еден процент“, рече тој.
Трамп ја продолжи својата вербална расправија со Пауел, минатата недела барајќи од него веднаш да поднесе оставка.