Трамп триумфално воскликна: „Ова е пресвртница во борбата против корона вирусот!“
Како што беше најавено, американската Агенција за лекови и храна ја авторизира терапијата со конвалесцентна плазма. Доналд Трамп, американскиот претседател на вонредна прес-конференција ова го нарече историска пресвртница во борбата против Ковид-19.
– Ова навистина е историски ден. Се работи за моќна терапија која овозможува со трансфузија на многу јаки антитела од крвта на оздравени пациенти за да им се помогне на пациентите кои се борат со инфекцијата. Резултатите покажуваат дека тоа лекување е многу успешно – рече Трамп на прес-конференцијата и ги повика луѓето кои оздравеле да донираат плазма.
Потсетуваме дека научниците претходно рекоа дека не се работи за никаква револуционерна метода, туку за терапија која веќе е применета на 70.000 пациенти. Додаваат дека таквата терапија има многу добри страни, но дека не се работи за никаква пресвртница во борбата против Ковид-19. Предупредуваат дека се уште има многу непознати за лекувањето со конвалесцентна плазма и пред се, не знаат дали е делотворна.