Трамп со топли зборови им го честита на Бугарите националниот празник


Доналд Трамп и Румен Радев во декември 2024 во Париз

 

Американскиот претседател Доналд Трамп од името на Американците им го честита на Бугарите националниот празник, 3 март, денот кога е склучен Санстефанскиот договор по руско-турската војна. Со овој привремен договор Бугарија доби огромни територии на запад, но тој беше анулиран три месеци подоцна на Берлинскиот конгрес. Во Бугарија датумот се слави како Ден на ослободувањето. Трамп му посака на бугарскиот народ среќе и просперитет.

„САД и Бугарија имаат долга историја на соработка како пријатели и сојузници“, напиша американскиот претседател. Доналд Трамп забележува дека Бугарија, како ценет партнер, заедно со Соединетите Држави, има важна улога во унапредувањето на напорите за постигнување одржлив крај на војната во Украина и во обезбедувањето сигурно, доверливо и достапно снабдување со енергија.

„Во име на Соединетите Американски Држави, ве молиме прифатете ги моите најтопли честитки за вашиот Ден на ослободувањето“, се вели во честитката објавена на веб-страницата на американскиот Стејт департмент.

„После 122 години дипломатски односи, пријателството и блиската соработка меѓу нашите влади продолжуваат да растат. Изградбата на нови нуклеарни реактори дизајнирани од Америка ќе ги направи енергетските резерви на Бугарија постабилни и побезбедни и ќе ги зајакне нашите врски.

Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето цврсто пријателство и на сите Бугари им посакуваме се најдобро додека го слават вашиот национален празник“, се вели во честитката на Стејт департментот.

Бугарскиот претседател Румен Радев, освен американската доби и многу други честитки за националниот празник.