Трамп се надева дека Иран ќе се врати на преговарачката маса по нападот на Израел


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека Иран не може да има нуклеарна бомба и дека САД се надеваат дека земјата ќе се врати на преговарачката маса.

„Иран не може да има нуклеарна бомба и се надеваме дека ќе се вратиме на преговарачката маса. Ќе видиме. Има неколку луѓе во раководството кои нема да се вратат“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз по почетокот на израелските воздушни напади врз Иран.

Американскиот државен секретар Марк Рубио изјави дека американската земја на никаков начин не е поврзана со нападот на Израел врз цели во Иран и дека Израел презел еднострани дејствија.

„Ние не сме вклучени во напади врз Иран и наш главен приоритет е заштитата на американските сили во регионот“, се вели во соопштението на Белата куќа, пренесува Си-eн-eн.