Трамп размислува да го назначи Стивен Милер за советник за национална безбедност

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека заменикот на шефот на неговиот кабинет, Стивен Милер, е еден од водечките кандидати за советник за национална безбедност, по заминувањето на Мајк Волц.
Трамп во четвртокот го смени Волц од функцијата советник за национална безбедност и го именуваше државниот секретар Марк Рубио привремено на таа позиција.
– Ќе именувам некого, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион додека се враќаше во Вашингтон од викендот поминат во неговиот клуб во Флорида, зборувајќи за именувањето нов советник за национална безбедност.
Тој рече дека очекува да ја пополни таа позиција во рок од околу шест месеци, и дека на таа функција би можел да биде Милер.
– Мислам дека тој индиректно веќе ја има таа позиција. Бидејќи има многу да каже за многу работи. Стивен е многу ценета личност во администрацијата, заклучи Трамп.