Трамп помилува уште еден од осудените инвеститори измамници

Дејвид Џентиле беше осуден на седум години затвор за измама на 10.000 инвеститори за 1,6 милијарди долари


 

Претседателот Доналд Трамп ја пониѓти затворската казна на поранешниот инвестициски менаџер Дејвид Џентиле, кој беше осуден за измама на инвеститори – најновото во низата акции за помилување што Трамп ги презеде во кривични случаи на лиза во бели крагни.

Џентиле се јави во затвор на 14 ноември, само неколку дена пред Трамп да ја преиначи казната, според официјален претставник на Белата куќа кој побарал анонимност за да даде детали за АП за акцијата за помилување. Џентиле беше извршен директор и коосновач на GPB Capital, која собрала 1,6 милијарди долари капитал за да стекне компании во автомобилскиот, малопродажниот, здравствениот и станбениот сектор.

Тој беше осуден на седум години затвор по пресудата во август 2024 година за неговата улога во она што Министерството за правда во тоа време го опиша како шема за измама на повеќе од 10.000 инвеститори со лажно претставување на перформансите на три фондови за приватен капитал.

Но, претставникот на Белата куќа рече дека GPB Capital им открил на инвеститорите во 2015 година дека нивниот капитал може да се користи за исплата на дивиденди на други инвеститори, што, според Белата куќа, ги поткопува тврдењата дека компанијата била вклучена во „Понциева“ шема во која новите инвестиции се користат за надоместување на претходните инвеститори.

Владата се согласила да нема надомест во кривичниот случај, иако во различни граѓански случаи се разгледуваат отплати и штети на инвеститорите.