Трамп пак го нападна шефот на Федереалните резерви, бара негова оставка

Претседателот Доналд Трамп во четвртокот ги засили своите критики против претседателот на Федералните резерви Џером Пауел, повикувајќи на негово заминување еден ден откако шефот на централната банка упати остро предупредување за ефектот на огромните царини на Трамп врз економијата.
Трамп во четвртокот наутро го критикуваше лидерот на ФЕД во објава на социјалните мрежи дека не ги намалува каматните стапки, велејќи дека централната банка заостанува зад нејзиниот европски колега.
„Џером Пауел од Банката на федерални резерви, кој секогаш е ПРЕДОЦНА И ПОГРЕШЕН, вчера објави извештај кој беше уште еден и типичен целосен ‘хаос!’, напиша Трамп. „Заминувањето на Пауел не може да дојде доволно брзо!“
Пауел во средата рече дека администрацијата на Трамп донела „многу фундаментални промени во политиката“, вклучувајќи ги и неговите огромни тарифи кои се „значително поголеми од очекуваното“. Тој рече дека таквите промени не се слични на ништо видено во модерната историја, ставајќи ја Банката на федерални резерви во непознати води и на пат да се соочи со предизвикот што не е видена со децении: стагфлација.
Но, коментарите на Пауел не беа различни од оние на другите претставници на ФЕД во последните недели. Повеќето рекоа дека царините на Трамп веројатно ќе ја поттикнат инфлацијата и невработеноста. Некои милијардери, како што е Реј Далио, ги презедоа критиките за тарифите на Трамп чекор подалеку, велејќи дека американската економија можеби е веќе во или блиску до рецесија.
Пауел првпат беше назначен за претседател на ФЕД од Трамп во 2018 година, а подоцна беше повторно назначен од претседателот Џо Бајден во 2021 година. Неговиот сегашен мандат завршува во мај 2026 година.