Трамп нема да им го плати обезбедувањето на Хари и Меган во САД
САД- Безбедносните аранжмани на принцот Хари и Меган Маркл ќе бидат приватно финансирани, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека Америка нема да ги финансира трошоците за нивното обезбедување, пишува британски „Експрес“.
Официјалната портпаролка на Меган и Хари изјави дека тие не планираат да побараат средства од американската влада откако ќе се преселат во Лос Анџелес, по неколкумесечна расправа за прашањето кој би плаќал за нивната безбедност кога ќе станат финансиски независни.