Трамп не знае дали треба да го почитува Уставот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не знае дали треба да го почитува Уставот на земјата кога се работи за имиграциските прашања.
Во синоќешното интервју за американската телевизиска мрежа „Ен-Би-Си“, на прашањето дали нелегалните мигранти имаат право на правна процедура според Петтиот амандман од Уставот – што гарантира фер судење за обвинетите – Трамп одговори: „Не знам. Не сум правник. Не знам.“
Во меѓувреме, демократски конгресмен од Мичиген покрена иницијатива за импичмент на Трамп со обвинување за „тиранско надминување на овластувањата“, корупција и злоупотреба на функцијата.
И покрај тоа што рејтингот на одобрување на Трамп во првите 100 дена од неговиот втор мандат е најнизок во последните 80 години, иницијативата е со мали шанси за успех, со оглед на тоа што Конгресот е под контрола на републиканците.