Трамп ја критикуваше идејата жените да не им кажуваат на своите сопрузи за кого гласаат


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја критикуваше идејата жените да не им кажуваат на своите мажи за кого гласаат, откако демократката Камала Харис во предизборна реклама им порача на жените да не споделуваат со своите партнери за кого гласаат.

„Можете ли да замислите жена да не му каже на својот сопруг за кого гласа? Дали некогаш сте слушнале за такво нешто? Дури и да имате лош однос, ќе му кажете на мажот. Тоа е смешна реклама. Толку глупаво“, рече Трамп.

Тој, исто така, ги осуди коментарите на бизнисменот Марк Кубан дека Трамп „одбегнува силни, интелигентни жени“, пренесува Си-ен-ен.