Трамп издаде изземање од царини за широк спектар на стоки од Мексико и Канада


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која се ослободуваат од царини широк спектар на стоки кои доаѓаат во САД од Мексико и Канада.

Изземањето се однесува на стоките според Северноамериканскиот договор за слободна трговија постигнат за време на првиот мандат на Трамп и ќе трае до 2 април, кога Трамп планира уште една рунда царини за стоки од голем број земји, јави „Ен-би-си њуз“.

Околу половина од стоките што доаѓаат во САД од Мексико спаѓаат под изземањето, а околу 38 отсто од стоките од Канада ќе се квалификуваат, рече висок претставник на администрацијата.