Трамп испраќа историчарка на уметност за амбасадор во Загреб
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека Никол Мекгро, дипломирана историчарка на уметност, ќе биде новиот американски амбасадор во Хрватска.
„Никол е филантроп, посебна жена и светски познат колекционер на уметнички дела. Таа ја отвори својата прва уметничка галерија во Палм Бич Гарденс во 2006 година и оттогаш изгради глобална база на клиенти, како и успешен хеџ фонд специјализиран за инвестиции во ликовна уметност“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
Тој додаде дека Никол им ја донела ликовната уметност на луѓето преку нејзината работа на чело на добротворни организации и собрала милиони долари за запоставени и малтретирани деца како член на одборот на „Place of Hope“. Дипломирала по историја на уметност на Јужниот методистички универзитет.