Трамп: Да не беше Америка, денес сите ќе зборувавте германски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна на сцената во воената база Форт Браг во Северна Каролина, каде што беше пречекан со овации од насобраната публика.
„Сабота ќе биде голем ден во Вашингтон“, рече Трамп, без да даде детали.
„Деновиве, другите земји ја славеа својата победа во Првата светска војна“, продолжи тој. „Единствениот што не славеше беше Соединетите Американски Држави – а ние сме тие што ја добија војната. Да не бевме ние, сега сите ќе зборувавте германски.“
Зборувајќи за силата на американската војска, Трамп рече дека за непријателите на САД „нема поголем страв од американската војска“.
„Имаме најголема сила во светот, поголема од кој било друг на Земјата“, изјави тој.
Додаде дека како претседател му е посебна чест да им се заблагодари на сите што служеле во армијата.
Ќе се вратат оригиналните имиња на американските воени бази
Трамп објави дека ќе ги врати оригиналните имиња на голем број американски воени бази кои беа преименувани во последните години.
Тоа се следниве бази: Форт Пикет, Форт Худ, Форт Гордон, Форт Ракер, Форт Полк, Форт А.П. Хил и Форт Роберт Е. Ли.