Трамп: 10 минути пред нападот на Иран реков „стоп“, не ми се брза
Американскиот претседател Доналд Трамп издаде наредба да се нападне Иран, откако таа земја го собори американскиот воен дрон. На Твитер објаснува зошто се откажал.
Трамп ја повлече наредбата за напад кога американските воени бродови и авиони веќе беа на позиција за напад на одбрани мети, а својата постапка ја објасни пишувајќи на Твитер дека одлучил дека „нападот не би бил пропорционален со соборувањето на американскиот дрон“.
„Иран во понеделникот собори дрон кој леташе над меѓународни води. бевме подготвени во текот на ноќта да нападнеме три мети, а тогаш се запрашав – колку луѓе ќе загинат? Генералот ми рече дека ќе има 150 жртви“, наведува американскиот претседател.
„Десет минути пред нападот ја повлеков наредбата и ја стопирав акцијата. Тоа не би било пропорционално со соборувањето ан воениот дрон. Не ми се брза, нашата војска е обновена, нова и подготвена за акција, најдобра е на светот“, напиша Трамп на Твитер.
Според најновите информации кои доаѓаат од Техеран, Иран на нишан имал и американски авион, во кој имало 35 луѓе, но се воздржале од гаѓање на тоа летало..