Трагедијата во Кочани ги раздрма надлежните – проверки во кафулиња, згради, училишта
Цревата од хидрантите во зградите - украдени, во болниците - нефункционални, објекти без план за евакуација

По пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 59 лица, повеќето општини решија да ги проверат безбедносните услуви во локалите на нивната територија, а акцијата се прелеа и на училиштата, градинките и други јавни објекти, како и на станбените згради.
Општина Карпош, Битола, Аеродром, Центар… се растрчаа инспекторите, проверуваат колку излези имаат угостителските објекти, дали им функционираат хидрантите за противпожарна заштита, дали воопшто ги имаат, има ли план за евакуација, детектори за чад, … Сето она што според закони и правилници треба да се направи и да се проверува на одреден период, а се покажа дека не е направено со години.
– Во нашата зграда, поточно во нашиот влез, хидранти има на секој кат, но ниту еден нема црва. Колу што знам, од постарите што кажуваат, тие црева се украдени од самите жители. Ги однесле уште кога се вселиле за да ги наводнуваат нивите во селата и градовите од каде се доселиле во Скопје – вели Бојан, кој живее во Ново Лисиче во Скопје.
Вчера пак, еден прилепчанец, посетувајќи болен во прилепската болница и каќувајќи се по скалите, ја подотворил вратничката од хидрантот, каде се гледа дека има две шишенца од јогурт и опушоци, но црева за гасење нема. Веднаш крај него се нашле три медицински сестри, кои го викнале и обезбедувањето, а обвинувајќи го дека е натеран од опозицијата да го сними тоа, му викнале и полиција.
Од прилепската болница категорично ја демантираа изнесената објава на социјалните мрежи (21.03.2025 год.), во која е објавена видео-снимка направена во просториите на болницата од страна на лице кое се претставува како „придружник на пациент“.
Последната контрола и технички преглед на противпожарните апарати и хидрантската мрежа беше извршена на ден 25.12.2024 година, од страна на овластеното стручно лице на компанијата Рени Инженеринг – Скопје, за што постои валидна документација (сервисни картони и фотографии), велат од болницата.
Довербата во државата, во нејзините институции одамна ја мериме со едноцифрени проценти, но животот го живееме со неизмерна доверба, па живееме во згради без основни мерки за заштита и безбедност, веруваме дека магично противпожарното или амбулантно возило ќе стигне до нас кога ни треба, а автомобилот сепак го паркираме на приодите до зградите.
Сега, откако безбедноста си ја плативме со директни 59 жртви во пожарот во Кочани и со животот на возачот на брзата помош, кој кобната вечер пренесол 32 пациенти до болниците, надлежните инсистираат на проверка на безбедноста во речиси сите објекти, а стигнаа и до станбените згради.
Во четвртокот, Државниот пазарен инспектора извршили 82 контроли што што констатиралдека 13 угостителски објекти не исполнуваат минимум технички услови.
– Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат од извршени вкупно 82 контроли со записник, инаку се повеќе за нив трае анализата и контролата, по Законот за угостителска дејност состојбата е следната: од 23 со лиценца констатирано е дека 13 не исполнуваат минимум технички услови, за пет правни лица регистрирани како кабаре диско и кои се со истечена лиценца, а работеле изминатиот период издадени се решенија за забрана за вршење на дејност. Кај останатите 41 кафич, клуб кај 30 од нив се констатирани неправилносто по Законот за угостителска дејност и изречени се 28 прекршочни налози и две затворања за пречекорување на работно време, изјави Митева.
Министерот за транспрт и врски Александар Николовски пак, појанси дека од издадени над 1.100 лиценци, вкупно проверени се 643 лиценци. Кај 97 лиценци или над 15 проценти констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците:
Притоа, како додаде, изразено во бројки тоа значи:
- На 13 правни лица одземена им е лиценца А за изведувач на градби од прва категорија
- На 34 правни лица одземена им е лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија,
- На 2 правни лица одземена им е лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија,
- На 6 правни лица одземена им е лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија,
- На 3 правни лица одземена им е лиценца А за проектирање на градби од прва категорија,
- На 20 правни лица одземена им е лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија,
- На 2 правни лица одземена му е лиценца Б ревизија на проектна документација на градби од втора категорија,
- На 1 правно лице одземена му е лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија,
- На 16 правни лица одземена им е лиценца за изработка на урбанистички планови, соопшти министерот за транспорт Николоски.
Тој очекува до вторник да се заврши целосно постапката, а паралелно се спроведувата и контроли кај патниот превоз.
Воедно, Николоски најави и законски измени кои ќе придонесат за подобрување на состојбите во процесот на лиценцирањето.(Б.Б.)
Центар следната недела ќе проверува безбедност во зградите и кафулињата
Општина Аеродром во контрола на 100 угостителски објекти, ќе се проверуваат и хидрантите во зградите
Општина Карпош во масовна проверка на угостителските објекти, еве што треба да поседуваат