Трагедија во забавен парк: Двегодишно девојче почина, уште три деца се во болница

Од струен удар почина двегодишно девојче на трамболина.
Несреќата се случила во шпанскиот град Алкериас, Мурсија, во забавен парк на локалниот панаѓур, каде што деновиве се слави празникот на светецот-заштитник на градот.
Медицинските екипи безуспешно се обидуваа да го реанимираат девојчето еден час, таа беше во несвест и крвареше од носот. Покрај несреќното девојче, повредени се уште три деца на возраст од 8, 11 и 12 години. Тие беа лекувани во локална болница.
Се верува дека несреќата се случила кога децата ја допреле металната ограда на трамболината, а можно е да имало проблем со заземјувањето. Децата дожевале струен удар, а немало начин да се спаси најмладото девојче, објавува порталот Cuatro.
Цивилната гарда истражува дали имало некаква небрежност од страна на организаторите. Полицијата ги затвори трамболините и започна истрага меѓу работниците за да се утврди дали електричната врска била исправна или имало дефект што довел до шокот.