Трагедија во Скопје: 24-годишно момче починало на гости кај другар


Фото: Б. Грданоски

Трагедија се случила вчера во Скопје. Другар си го пронашол другарот починат. 

– На 18.03.2026 во 19:42 часот во СВР Скопје, Н.Г.(26) од Скопје пријави дека во 19:40 часот го пронашол во бессознание неговиот другар М.С.(24) од Скопје. Според пријавеното, другар му дошол кај него околу 10:00 часот и набргу тој легнал да спие, а откако се разбудил го пронашол М.С. во бессознание. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, известија од МВР за случајот. 

Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.