Трагедија во Хрватска: Воз удри девојче што се враќало од училиште
Синоќа, во местото Слободарница крај Славонски Брод во Хрватска, воз усмрти девојче што се враќало до училиште, пренесоа хрватските медиуми.
Возот се движел во правец од Славонски Брод кога удрил во 14-годишно девојче кое излегло од друг воз на станицата и се обидувало да премине преку пругата, пренесе Индекс.
Вработените во брзата помош се обиделе да ја реанимираат цел час, но безуспешно.